Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јошевска-Анастасовска: Ќе работам за зголемување на довербата во судството

/

пред 275 дена

Сподели преку :

На подобрување на состојбите и на зголемување на довербата во судството ќе работи адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска доколку биде избрана за нов член на Судскиот совет.

Јошевска-Анастасовска е номинирана заедно со професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ и треба да ги пополнат испразнетите места на Весна Дамева и Милјазим Мустафа чиј мандат во Судскиот совет заврши.

Јошевска-Анастасовска во изјава за Телма вели дека нејзиното номинирање за функцијата го доживува пред се како признание на досегашната работа, но и како огромна одговорност и повик за Судскиот совет да се менува.

„На начин кој што ќе допринесе да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството од една страна, од друга страна да ги поттикне, да делува ориентирачки, потикнувачки и инспиративно за судиите да почнат да практикуваат судска власт и да се чувствуваат како судска власт.“ – вели адвокатката Јошевска-Анастасовска.

Истовремено Судскиот совет, како што додава Јошевска-Анастасовска, да ги врши функциите кои се доделени согласно закон и Устав и кои подразбираат унапредување на независноста на судството.

„Преку градење на мостови на дијалог и соработка со другите две власти, а не низ призмата на конфронтација или соработка која е непримерна. Само низ дијалог и институционална соработка можеме да постигнеме секој во својата уставно поделена власт да работи професионално и независно.“ – додава Јошевска-Анастасовска.

Согласно законот, претседателот има право да предложи двајца членови на Судскиот Совет, а Собранието треба да ги потврди. Еден предложен кандидат мора да биде од немнозинските заедници.

Таа е адвокатка повеќе од две децении и е дел од јавните дебати за состојбите во правосудството. Шахиновиќ е вонредна професорка на приватниот МИТ Универзитет во Скопје и беше дел и од првата комисија за помилување на претседателката Силјановска.

Марија Митевска