Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Вештачки ѕид од мраз привлече голем број на алпинисти во Чешка

/

пред 273 дена

Сподели преку :

Алпинисти во Чешка повторно изградија вештачки ѕид од мраз во местото Вир, во близина на Ждјар, благодарение на ниските температури.

Замрзнатиот ѕид се создава со пумпи кои ја прскаат водата од реката Свратка врз карпа, каде таа замрзнува при температури под минус пет степени.

Организаторите објаснуваат дека процесот е едноставен, но зависи исклучиво од временските услови.

Во изминатите 18 години, само во два случаи немало доволно ниски температури за ѕидот да биде отворен за посетители.

Кога условите се поволни, замрзнатата формација се подготвува секоја година и станува атракција за љубителите на екстремните спортови.

Замрзнатиот ѕид достигнува височина до 40 метри, со патеки за искачување долги од 15 до 25 метри.

Качувањето е организирано 12 часа дневно, вклучително и вечерни термини под вештачко осветлување, што им овозможува на алпинистите да го посетат местото и по завршување на работниот ден.

Б.С.