„Една битка по друга“ победи во четири категории на синоќешното доделување на златните глобуси. Акционата црна комедија беше прогласена за најдобар филм во категоријата мјузикл-комедија, Пол Томас Андерсон ги доби наградите за режија и сценарио.
Сепак, Тимоти Шаломе го победи Леонардо ди Каприо за најдобар актер, освојувајќи го првиот Златен глобус за улогата на пингпонгарот Марти Маузер во биографскиот филм Марти величествениот.
„Хамнет“ е прогласен за најдобра драма, а нејзината главна ѕвезда Џеси Бакли за најдобра актерка. Наградата за најдобра споредна машка улога ја освои Стелан Скарсгорд, а Тејана Тејлор за најдобра споредна женска улога.











