Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна седница на ОН поради зголемениот бран руски напади врз Украина

/

пред 272 дена

Сподели преку :

Советот за безбедност на Обединетите нации одржа вонредна седница поради зголемениот бран руски напади врз Украина, насочени кон цивили и енергетска инфраструктура, во услови на екстремно студена зима.

Членовите на Советот слушнаа брифинзи од високи претставници на ОН за сериозната хуманитарна состојба во земјата.

Заменик-генералната секретарка Розмари Дикарло изјави дека за време на нападите убиени и ранети се голем број цивили, а милиони Украинци се оставени без струја, греење и вода.

Таа нагласи дека, според податоците на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале најмалку 14.999 цивили, меѓу кои 763 деца.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, ги отфрли обвинувањата дека Русија намерно напаѓа цивили и порача дека Украина мора да прифати „реални услови“ за преговори.

Украинскиот амбасадор Андриј Мелник, пак, ја обвини Москва за саботирање на мировните напори и повика сојузниците на Украина да воведат дополнителни санкции и да го зголемат економскиот притисок врз Русија.