Денеска Вевчани повторно е центар на смеата, сатирата и вековната традиција. Со маски кои секогаш се во центарот на вниманието, денеска во 13 часот започна Централната карневалска поворка. Во центарот на Вевчани се сретнаа карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата.
„Вевчански карневал“ е манифестација што речиси 1.400 години го означува преминот од старата во новата година, со музика, маски и пораки што гласно го отсликуваат времето во кое живееме. Карневалот, како и секоја година, и годинава носи прочистување, критика и нов почеток.
Вевчански карневал – место каде маските зборуваат погласно од зборовите.
Вековна традиција, остра сатира и незапирлива енергија – порака јасно испратена до политичарите.
АНКЕТА: Дали карневалската сатира допира до политичарите? Да / Не