Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Си ја убил мајката при расправија, обвинителството со предмет за 39-годишен жител на Богданци

/

пред 264 дена

Сподели преку :

Обвинителството во Гевгелија соопшти дека е отворена истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка.

-Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, соопшти обвинителството.

Осомничениот сам се предал и се пријавил во полицијата.

-На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото, соопшија од МВР по отварањето на истрагата.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.