Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иванов: Загадувањето во Македонија е системски проблем е, потребна е анализа, алокација, верификација и квантификација за секој загадувач

/

пред 264 дена

Сподели преку :

Загадувањето во Македонија не е ништо ново. Ако прочепкате по архивата на Македонската телевизија, ќе најдете емисии од 70-тите години кога истиот проблем бил лоциран, вели Филип Иванов, консултант за индустриски загадувања на животната средина, во денешната дебата во „Директно“ на Телма ТВ.

„Кога зборуваме за загадувањето, не можеме повеќе да зборуваме за инциденти. Тоа е системски пропуст. Иако Македонија ги има усогласено своите законски акти од областа на животната средина речиси во потполност, имплементацијата, вертикално поаѓајќи, од највисоките тела, од владата, од министерствата, надоле, паѓа, затоа што веројатно не е високо на агендите на политичките партии и имплементацијата на механизмите за заштита на животната средина, особено кога се работи за загадувањето на воздухот, повлекува многу инвестиции. Она што пропуштаме да направиме е системска анализа, алокација на сите можни загадувачи, нивна верификација, нивна квантификација, да се знае кој колку придонесува“, потенцира Иванов.

С.Д.