Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон преместува ударна група на носачи на авиони кон Блискиот исток, меѓу нив и „УСС Абрахам Линколн“

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Пентагон преместува ударна група на носачи на авиони од Јужно кинеско море во зоната на одговорност на Централната команда на САД која го вклучува Блискиот исток, изјави извор кој е запознат со темата.

Преместувањето на ударната група на носали на авиони, што е помоска формација која вклучува и други бродови, како и една подморница за напад, се очекува да трае околу една недела.

Како што е соопштено, на пат кон зоната на одговорност тргнал и носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“.

Трансферот на американски воени сили доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон поради протестите во Иран кои почнаа кон крајот на декември во 2025 година.

Зоната на одговорност на Централната команда на САД ја опфаќа североисточна Африка, Блискиот исток, Централна Азија и Јужна Азија, односно 21 држава меѓу кои и Иран.