Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуирани 130 луѓе од болница во Милано поради пожар, повредени нема

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Евакуирани се 130 луѓе од кои 98 пациенти во болницата Сако во Милано поради пожар во кој немаше повредени, објавија италијанските медиуми.

Пожарот, како што се наведува, избил во сутеренот на еден од павилјоните по што се проширил на просториите на архивата за дијагностика.

Причините за пожарот засега се непознати, а во неговото гаснење биле ангажирани 30-тина пожарникари со четири возила, пренесува „Милано Тудеј“ (Milano Today).