Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Грција славеше во дербито против Хрватска за полесен пат до полуфинале

/

пред 261 дена

Сподели преку :

На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Белград вечерва заврши првата фаза од натпреварувањето.

Во дербито на денот Грција ја совлада Хрватска со 11:10 и го освои првото место во групата што значи и полесен пат до пласман меѓу четирите најдобри на турнирот.

Во мечот кој решаваше кој ќе се пласира во втората фаза од шампионатот Грузија триумфираше над Словенија со 22:11.

Во Д конкуренцијата, Италија забележа победа над Романија со 20:6 и супериорно го освои првото место во групата додека Турција во неизвесна завршница славеше над Словачка со 17:16 и влез во следната рунда од првенството.

ФОТО: Игор Паневски