Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари денеска ќе ги одмерат силите со Данска

/

пред 260 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.

Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.

Нашите ракометари во недела од 18 часот играат против Португалија, а во вторник во истиот термин противник ни е селекцијата на Романија.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.