Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјанец во видно алкохолизирана состојба ја тепал и давел сопругата- ОЈО бара притвор за него

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

  • На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала. Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа. Жената успеале да ја спасат двајца други потстанари во истата куќа, кои ја извлекле и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска, објави ОЈО Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.

Б.С.