Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Одлуката на САД за визите не е „техничка пауза“ туку предупредување

/

пред 260 дена

Сподели преку :

Одлуката на САД за суспензија на обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза“ туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет“, се вели во соопштението од СДСМ.

„Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на Мицкоски, како неговиот вицепремиер Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови, директни врски со Москва“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Истовремено, според СДСМ, „сведоци сме на агресивна анти-ЕУ кампања“.

„Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија. Во таа смисла, мерката на САД е индикатор за тоа каде реално се наоѓа Македонија на меѓународната мапа: во периметарот на Сомалија“, сметаат во СДСМ.