Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водокрст во црквата Пресвета Богородица во Тетово, традиција што бележи 40 годишен јубилеј

/

пред 259 дена

Сподели преку :

Празнувањето на Водокрст, ден пред Богојавление Водици во храмот посветен на Пресвета Богородица, почна со литургија која ја служеа тетовскиот митрополит г. Јосиф и Кумановско-осоговскиот г. Григориј. Во дворот на црквата се одржа и Богојавленски водосвет и беше спуштен крстот во водите од базенот.

По крстот скокнаа тројца верници, а најмладиот од нив, 29 годишниот Дарко Трајчевски успеа да го фати осветениот крст.

„По првпат се фрлам по крстот и по првпат го фаќам. Им посакувам прво здравје, среќа, мир и љубов на сите“ рече Дарко Трајчевски.

Владиката Јосиф во својата беседа потсети дека во православната црква има две осветувања на вода: големо и мало.

„Големото осветување се врши двапати во годината: токму во денешниот ден, на Водопост, во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, за што се сеќаваме на крштението на Господ Исус Христос“, изјави Владиката Јосиф. 

Традицијата за голем водосвет и спуштање на осветен крст во црковен базен ден пред Водици е почната во 1986 година и годинава бележи јубилејни 40 години како е оформена. Идејата била на луѓето од дијаспората, а благословена од тогашниот владика г. Кирил.

Утре на Водици централното одбележување е во соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј каде по празничната литургија, осветен крст ќе се спушти во црковниот базен.

Александар Самарџиев