Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Херојската одбрана на Томовски против Португалија заслужено се најде во ТОП 5 (ВИДЕО)

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Македонскиот голман Мартин Томовски вчера имаше одличен настап против Португалија во 2.коло на Европското ракометно првенство. Со неговите одбрани го инспирираше тимот да се врати од негатива од пет голови разлика, а секако беше и најзаслужен за ремито, бидејќи имаше две неверојатни интервенции во последните секунди од средбата.

Неговата последна одбрана на натпреварот се најде меѓу најдобрите пет во изборот на ЕХФ за вчерашниот ден на Континенталниот турнир. Интервенцијата, што на Македонија ѝ донесе бод против фаворизираниот ривал е на 3.место на топ-листата.