Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска почнува второто полугодие за учениците

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Денеска почнува второто полугодие за учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.

-Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!, стои во објавата на Јаневска.

Министерката апелираше до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати.