Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Засега 20 држави во Одборот за мир на Трамп – Норвешка и Шведска ги одбија поканите, Словенија и Хрватска размислуваат

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Во Одборот за мир на Доналд Трамп засега пристапија 20 држави. Тоа се Бахреин, Белорусија, Мароко, Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Унгарија, Индонезија, Јордан, Казахстан, Косово, Пакистан, Парагвај, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Монголија.

Норвешка и Шведска порачаа дека нема да учествуваат во Одборот за мир на Трамп, откако таква одлука донесе и Франција, пренесува Асошиејтед прес.

Француски претставници истакнаа дека Париз го поддржува мировниот план за Газа, но постои загриженост дека новиот Одбор би можел да се обиде да ги замени Обединетите Нации како главен форум за решавање на меѓународните конфликти.

И за Словенија сè уште не е време за прифаќање на поканата, изјави премиерот Роберт Голоб, пренесува словенечката новинска агенција (СТА). Како главна причина се наведува загриженоста дека мандатот на Одборот за мир би можел да биде преширок и таквата иницијатива би можела да го поткопа меѓународниот поредок втемелен на Повелбата на Обединетите Нации.