Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НВО секторот со критика за измените на Кривичниот законик

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Уште не стасан предлогот во собрание, здружените граѓански организации остро против измените на Кривичниот законик. Главната забелешка е дека текстот, како преодно решение, не ги отстранува суштинските штети предизвикани со измените на Кривичниот законик од септември во 2023 година, туку дополнително ја ослабува казнено-правната заштита од корупција и злоупотреба на службената положба.

Затоа, јасно и експлицитно бараме да се вратат идентичните одредби од Кривичниот законик кои беа на сила пред измените од 2023 година, како единствено разумно, правно сигурно и одговорно преодно решение, сѐ до донесување на целосно нов Кривичен законик, се наведува во реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупција испратена до Министерството за правда.

За потсетување, во член 353 не се вратени одредбите од став 5. Со тоа, во суштина се декриминализираат најчестите и најштетни форми на корупција во јавните набавки – фаворизирање, селективно постапување, прилагодување на тендерските услови, склучување договори без реална потреба и толерирање на незаконитости.