Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца починати и над 2.000 новозаразени од грип за една недела

/

пред 254 дена

Сподели преку :

Во третата недела од 2026 година, односно од 12 до 18 јануари, се пријавени 2.062 нови случаи на грип или заболувања слични на грип, што е за 11,2% помалку од претходната недела, но за 46% повеќе споредено со истиот период минатата сезона, информира Институтот за јавно здравје.

Најзасегнати се лицата во групата од 15 до 64 години со 1.274 случаи, потоа следуваат децата до 4 години – 279, лица над 65 години – 266, и деца на возраст од 5 до 14 години – 243. Најмногу случаи се регистрирани во Скопје (556), Тетово (146), Охрид (142) и Битола (139), додека во повеќе општини бројот на заболени е под 30.

Во истиот период пријавени се два смртни случаи – 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци, кои не биле вакцинирани и имале коморбидитети. Вкупно, од почетокот на сезоната се евидентирани 8.209 случаи на грип и три смртни случаи.

Т.Д.