Од цементарницата Усје повторуваат дека не влијае врз загадувањето на воздухот во Скопје.
Емисиите од работата на УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од независен, автоматски систем за мониторинг и компанијата не е во можност да влијае врз резултатите.
Од таму додаваат дека производството запира доколку филтрите не работат и велат дека две печки во Усје не работат од 16-ти односно од 21-ви јануари годинава поради редовен годишен ремонт.











