Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Раселени во Газа чекаат храна поради недостиг и високи цени

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Раселени Палестинци во Муваси, јужниот дел на Појасот Газа, чекаат во редици пред полска кујна за порција варен ориз, која за многумина претставува единствениот топол оброк во денот.

И по повеќе од три месеци од примирјето, стотици илјади луѓе сè уште живеат во кампови, шатори и оштетени објекти, изложени на студ и без доволен пристап до храна.

Ијад Ал-Масри, раселен од северна Газа кој загубил три деца за време на војната, вели дека со часови чека со преостанатите деца за еден сад ориз.

Иако е зголемен влезот на хуманитарна помош, многу семејства и натаму не можат да дојдат до неа или да купат основни прехранбени производи поради енормно високите цени.

Обединетите нации соопштуваат дека поради ограничени капацитети и недостиг од средства, поддршка може да се обезбеди само за околу 40% од камповите низ Газа.

Повеќе од 70% од населението живее во импровизирани засолништа, а недостигот од гориво, лошата хигиена и ограничениот пристап до храна дополнително ја влошуваат хуманитарната криза, и покрај најавите за можно отворање на преминот Рафа.