Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 2,2 милиони денари данок за донациите на „Сапорт Кочани“

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ соопшти дека државата наплатила вкупно 2.274.285 денари персонален данок за донациите собрани преку заедничката сметка, во износ од 22.742.997 денари. Со тоа е заокружена и третата, последна распределба на средствата за настраданите во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“.

Во третата распределба биле вклучени и донации од Македонската православна епархија за Европа, во износ од 3.153.204 денари.

Од овие средства, 123 лица добиле по 15.968 денари, а 19 лица по 45.992 денари, при што данокот за оваа распределба изнесувал 315.292 денари.

Од иницијативата упатија благодарност до сите донатори и до НЛБ банка, која ги ослободила од банкарска провизија.

Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, по што и беше формирана иницијативата „Сапорт Кочани“.