Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно облачно, а во крајните северозападни делови врнежи од дожд – Временска прогноза за 25.1.2026

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Претежно облачно, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 8 до 14°C.

Информација од ова утро 24.1.2026

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, -3 Попова Шапка, Крива Паланка, -2 Пожаране, Тетово, -1 Скопје-Петровец, Тополчани, Маврови Анови, 0 Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Прилеп, 1 Kрушево, Штип, Охрид, Виница, 2 Куманово, Гевгелија, 3 Струмица.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Попова Шапка, 11 Маврови Анови, 4 Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!