Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца малолетници запалиле автобус во двор на училиште во Радовиш – пожарот изгаснат, повредени нема

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Двајца малолетници во Радовиш запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија од СВР Струмица.

„На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот“, се наведува во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.