Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златото за првпат ја проби границата од 5.000 долари за унца

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.

Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна.

Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни 0,9 проценти, на 5.029 долари за унца.

Минатата година цената на благородниот метал скокна за 64 проценти благодарение на намалувањето на каматните стапки во САД, падот на курсот на доларот, побарувачката од централните банки и рекордните приливи на пари во фондовите.

„Проценуваме дека оваа година цената на унца злато би можела да достигне 6.400 долари, а просечната цена би можела да биде 5.375 долари“, изјави независниот аналитичар Рос Норман, пренесоа британските медиуми.