Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одрони во источниот дел од земјата – Нема опасност за излевање на реката Брегалница 

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Нема опасност за излевање на реката Брегалница на територија на Општина Штип.

Водостоите на притоките на реката Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип е зголемен, но нема опасност од нивно излевање од коритата.

Во Чешиново-Облешево по поплавите минатиот месец исчистени се сите канали за наводнување и речни корита, по што нема опасност за поплавување на куќи и објекти.

Директорот на ЈП „Македонија пат“ подружница Штип, Влатко Цоневски вели дека на автопатот Штип-Скопје, експресните патишта и магистралните патишта се вози по влажни коловози и возачите треба да внимаваат и да возат со пропишана брзина.

  • „Сега имаме мала проширување, имаме и од Берово кон Струмица одрони и на Валандовско брдо. Најкритично е меѓу Истибања и брана Калиманци или Македонска Каменица, до Делчево исто така. Моментално имаме две машини и повеќе возила кои се на терен. Интезивно се чисти, но одроните паѓаат неконтролирано веќе поради врнежите од дожд кои траат повеќе од 24 часа. Така да внимателно возење на сите возачи, бидејќи сега може при возењето да им падне некој камен и пред нив“, изјави Цоневски.

Цоневски додава дека одрони од камења и земја има на патиштата меѓу село Истибање и Македонска Каменица, како и на патот Македонска Каменица-Делчево.

Викторија Димитрова-Јованова