Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Мицкоски, приватен бизнис и часовници

/

пред 249 дена

Сподели преку :

ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер, велат денеска од СДСМ.
Од опозициската партија посочуваат дека Мицкоски сега од таа позиција си купува луксузни авионски карти, па дури сака и авион, со пари на граѓаните.
-Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно. Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал, приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати, стои во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија уште додаваат дека затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, затоа што не работеле „приватно“ како него.
-Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари, велат од СДСМ.