Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пресечен транспорт на 150 килограми марихуана кај Свети Николе, кривични пријави против три лица од Скопје

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Три лица од Скопје добија кривични пријави за транспорт на 150 килограми марихуана во акцијата на министерството за внатрешни работи (МВР) и основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Се сомничат за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Акцијата, како што соопшти МВР, била реализирана на 26 јануари. Транспортот бил пресечен во близина на Свети Николе, а марихуаната била скриена во патнички автомобил од марката „Опел комбо“ кој бил влечен од товарно возило „Ивеко“ како шлеп возило.

Според МВР, возилото „Опел комбо“ со швајцарски регистрарски ознаки било купено во Струга, специјално за намерата за транспорт на марихуаната. Но, не било во возна состојба, поради што било за сума од 200 евра било ангажирано шлеп возило од Скопје од марката „Ивеко“.

„Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „Mерцедес“ во кое тие се превезувале. На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „Ивеко“ кое го шлепувало возилото „Опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „Oпел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана“, се наведува во соопштението на МВР.

По форензичката анализа во МВР било утврдено дека станува збор за 150 килограми марихуана.