Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопската зоолошка доби принова – најмалите мајмунчиња добија близнаци

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Скопската зоолошка доби принова. Најмалите мајмунчиња на светот од расата џуџести мармозети доби близначиња.

Според објавата на ЗОО Скопје овие мајмунчиња се сметаат за најмали од врстата мајмуни и тежат најмногу  од 100 до 150 грама, а може да се споредат и со големина на едно јаболко.

„Токму затоа и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се не на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, пишува на објавата на „Фејсбук“ на ЗОО Скопје. 

Оваа раса мајмунчиња најмногу е застапена во Амазонската прашума во Бразил, Перу, Колумбија, Еквадор и Боливија. Се хранат најмногу со смола, а јадат и инсекти, овошје и мали без’рбетници.  Тие можат да се движат вертикално по дрвја, како верверици, и да скокаат брзо меѓу гранки. Во групата обично има една доминантна женка што се размножува.

За нивната раса е специфично што најчесто раѓаат близнаци, а таткото активно учествува во нивното носење и чување. Мајмунчиња можат да живеат во дивина од 10 до 12 години, додека во зоолошка, животниот век може да им биде и до 15 години.

Т.Д.