Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски остварил средба со претседателот на Стопанската Комора на Хрватска на која се разговарало за проблемот на камионџиите

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Во рамките на работна средба министерот за транспорт и врски и вицепремиерот Александар Николоски оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска.
На средбата се разговарало за проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан. Целта на разговор било да се обезбеди поддршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската евиденција и работната активност во Шенген зоната.
„Информирав за состојбата за Македонија и регионот и се надевам дека ЕУ ќе изнајде решение се со цел да не се третираат професионалните возачи како туристи или мигранти, да се третираат како професионалци и на тој начин да можат да ја вршат својата работа. Се различно од ова ќе значи сериозен удар не само за македонската и регионална економија туку и врз економијата во цела Европа, имајќи предвид дека бројни компании се извозно ориентирани и извезуваат, а исто така и бројни компании во рамки на ЕУ ги користат нашите производи. Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, да ова прашање се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците”- изјави Николоски по средбата.   
Претседателот на Стопанската Комора на Хрватска, Лука Буриловиќ истакна дека потенцијалот за соработка со Македонија е огромен, а истакна и дека железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем може да овозможи потенцијал за соработка со хрватските и македонските компании.
„Имавме доста теми на кои разговаравме. Она што сакам да истакнам е добрата економска соработка која бележи околу 330 милиони евра. Има голем потенцијал за развој, потенцијалот е огромен и треба директно да соработуваме за да ја подигнеме оваа размена. Секако значајна е инфраструктурата која доста се работи во Македонија, а и ние сме во замав. Зборуваме и за развој на железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем и секако постои голем потенцијал за соработка меѓу нашите и македонските компании”, изјави Буриловиќ.
Т.Д.