Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Славески: Потребен е одговорен пристап кон растот на платите

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х.

Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија  за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата за растот на платите да се темелат на постојните законски рамки и на економски одржливи критериуми.

Славески потсетува дека Законот за минимална плата предвидува автоматско усогласување на минималната плата во март, врз основа на законски утврдена формула, при што е обезбеден праг од 57 проценти во однос на просечната плата.

Во тој контекст, тој укажува дека меѓународните препораки, вклучително и оние на Меѓународната организација на трудот и Европската унија, упатуваат на значително пониски соодноси меѓу минималната и просечната плата.

Според гувернерот, социјалниот дијалог за платите треба да се води врз основа на објективни и мерливи показатели, а не врз основа на анкетни изјаснувања.

Како клучни критериуми тој ги наведува зачувувањето на куповната моќ на работниците преку усогласување со инфлацијата, како и учеството на трудот во економскиот раст преку зголемена продуктивност.

Славески пишува дека  корекцијата на платите треба да ја земе предвид и претходната инфлација, за да се надомести евентуалното намалување на куповната моќ, како и очекуваната инфлација, согласно прогнозите на релевантните домашни и меѓународни институции, со можност за дополнување со растот на продуктивноста на трудот.