Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Во моментов нема предлог за укинување на техничката Влада

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Собранискиот спикер Африм Гаши изјави дека во моментов нема предлог за укинување на техничката Влада и нагласи дека вакво важно и чувствително прашање треба да се решава со поширок политички договор, а не со наметнување решенија. Според него, законот дозволува укинување и без согласност од СДСМ, но пратениците не треба да се ставаат пред свршен чин, а сега е потребен аргументиран дијалог – за таа цел имаше и лидерска средба.

Во однос на носењето на Изборниот законик, Гаши најави дека наскоро ќе започне со работа Работната група, во која ќе бидат вклучени партиите, експертите и надлежните институции. Како што рече, сите релевантни забелешки ќе бидат сослушани, а од Министерството за правда ќе зависи дали ќе се оди со измени или со целосно нов текст на законот.

Тој дополнително зборуваше и за потенцијалната кандидатката Џихан Ахмед да влезе во  Комисијата за заштита од дискриминација. Гаши рече дека нарушените критериуми во сите пори на општеството се генерален проблем, и дека треба да се настојува да се покачат стандардите и да се внимава при изборот на кандидати во институциите.

Т.Д.