Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на Општина Битола одлучува за поскапување на јавните услуги

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Советот на Општина Битола на денешната седница одлучува за поскапување на услугите на јавните претпријатија кои се под надлежност на локалната самоуправа. Се предлага згрижувањето на децата во градинките да поскапи за 500 денари, односно од 1.500 на 2.000 денари.

За 30 проценти ќе се зголеми цената за сместување во старечките домови, како и на комуналните услуги – ѓубретарината и одржувањето на гробните места, а се покачува и цената на зонското паркирање.

Половина од десетте јавни претпријатија во Битола ја завршиле 2024 година со негативни финансиски резултати, односно со вкупна загуба од околу 2,4 милиони евра. Опозицијата во битолскиот Совет најави дека нема да даде поддршка за поскапувањето на јавните услуги. Владејачкото мнозинство, пак, истакнува дека оваа непопуларна мерка е неопходна со цел да се зголеми ефикасноста и финансиската стабилност на јавните претпријатија.