Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолскиот Совет изгласа поскапување на цените за сместување во старечките домови, комуналните услуги, одржувањето на гробни места и зонското паркирање

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Поскапување на услугите на јавните претпријатија кои се под надлежност на локалната самоуправа изгласа владеачкото мнозинството на Советот на Општина Битола на денешната петта седница.

Згрижувањето на децата во градинките поскапува за 500 денари, односно од 1.500 на 2.000 денари. За 30 проценти се зголемува цената за сместување во старечките домови, како и на комуналните услуги – ѓубретарината и одржувањето на гробните места, а за се покачува и цената на зонското паркирање.

Половина од десетте јавни претпријатија во Битола ја завршиле 2024 година со негативни финансиски резултати, односно со вкупна загуба од околу 2,4 милиони евра.

Опозицијата во битолскиот Совет не даде поддршка за поскапувањето на јавните услуги. Владејачкото мнозинство, пак, истакнува дека оваа непопуларна мерка е неопходна со цел да се зголеми ефикасноста и финансиската стабилност на јавните претпријатија.

Советот на Општина Битола одлучува за поскапување на јавните услуги