Најмалку пет лица загинаа во бурата „Кристин“ што ги зафати Шпанија и Португалија. Невремето предизвика големи проблеми во сообраќајот и секојдневниот живот на луѓето поради силниот ветар, снегот и обилниот дожд, соопштија властите во двете држави.

Пет смртни случаи се регистрирани во Португалија од кои четири во близина на градот Леирија, каде се забележани ветрови со брзина од 176 км./ч., поради што беа затворени и поголем број од училиштата.

„Кристин“ предизвика и значителна материјална штета, а 573.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Соседна Шпанија затвори 19 автопати од вкупно 71 колку што беа зафатени со дожд и снег од невремето. Предупредување за опасни временски услови се издадени во 12 од вкупно 17 автономни покраини. Меѓу најзагрозените се јужните региони Андалузија и Мурсија, како и Галиција и Астурија на северот.
С.Д.











