Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоман: Можно е повлекување на дел од агентите на ICE од Минеаполис доколку локалните власти соработуваат

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Том Хоман, „граничниот цар“ на Доналд Трамп, оцени дека целта на неговата работа во Минеаполис, каде ја презема одговорноста по убиствата на двајца цивили од страна на федералните агенти, е да ги направи операциите на ICЕ –„побезбедни, поефикасни и според правилата“.

На прес-конференцијата, на која не сподели премногу детали, Хоман изјави дека очекува „здраворазумска соработка“ која ќе овозможи повлекување на дел од агенти на контроверзната федерална агенција за имиграција и царини од Минеаполис.

Според Хоман, иако агентите на службата за имиграции и царини работат во тешки услови – секое непрофесионално однесување ќе биде санкционирано.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го испрати Хоман во градот, откако двајца цивили, Рене Гуд и Алекс Прети, беа застрелани и убиени од федерални агенти во Минеаполис.

Тој ја презема функцијата од шефот на граничната патрола на САД, Грег Бовино, кој заедно со Секретарката за домашна безбедност, Кристи Ноем, беше критикуван за операциите на ICE и коментарите кои ги даде по убиството на Алекс Прети.

Испраќањето на Том Хоман во Минеаполис доаѓа додека Белата Куќа се обидува да ги намали тензиите во Минесота.

Низ годините, 64 годишниот Хоман, се искачувал во хиерархијата на имиграциската служба на САД и во минатото работел со администрации предводени од двете партии – Републиканците и Демократите.

Во 2013-тата година, тој бил именуван на малку познатата, но влијателна функција како шеф на операциите за откривање и отстранување на илегални имигранти во агенцијата за имиграции и царини од страна на тогашниот Претседател, Барак Обама.

Два пати мораше да ги одложи плановите за пензионирање, во 2017-тата само неколку дена пред првата администрација на Трамп да започне со работата и потоа по неговото враќање на претседателската функција во 2024-тата.

Хоман целосно ги брани целите за депортации на Трамп, ветувајќи дека ќе ги таргетира „најлошите меѓу лошите“ имигранти а цврсто ја бранаше и својата исклучително контроверзна тактика за раздвојување на семејствата на илегалните имигранти, заради која децата на родителите кои престојуваат незаконски во САД, беа раздвојувани од нив.

Минатата година, Белата Куќа, брзо застана во одбрана на Хоман, по објавувањето на информациите дека тој е обвинет во случај на прифаќање мито во износ од 50 000 американски долари од агенти нд ФБИ.

Хоман не беше и формално обвинет, откако Министерството за правда се откажа од негово гонење, откако Трамп се врати во Белата Куќа, при што портпаролката на Трамп, Керолин Левит, го опиша случајот како обид да се „оцрни“ еден од клучните сојузници на Трамп.