Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради маршот „Стоп за Усје“ што започнува на пладне

/

пред 246 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

Причината е одржувањето на протестниот марш под мотото „Стоп за Усје“, кој е закажан со почеток во 12:00 часот.

 

Маршот ќе се движи по следнава траса: Почетокот е пред Владата на булевар „Илинден“, по што поворката ќе продолжи десно по булевар „ВМРО“, потоа по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по улица „11 Октомври“ до пред Собранието.
Маршот завршува пред Министерството за животна средина, до каде ќе се стигне преку улицата „Филип Втори Македонски“.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за да се избегне поголем метеж.

 

Б.С.