Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на состанок за воено-техничка соработка со членови на руската влада рече дека и покрај обидите на западните земји „да ги блокираат своите деловни врски со Русија“, извозните договори на земјата „генерално се исполнуваа стабилно“.
- „Би сакал да напоменам дека во последниот период, системот за воено-техничка соработка продолжи да работи во тешки услови. Притисокот од нашите западни партнери да ги блокираат нивните деловни врски со Русија остана, па дури и се зголеми. Сепак, и покрај сите овие обиди, нашите извозни договори генерално беа исполнети стабилно. Во текот на изминатата година, руски воени производи беа испорачани во повеќе од 30 земји низ целиот свет. Износот на заработка во странска валута надмина 15 милијарди долари,“ рече Путин
Изјавата на Путин доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер се согласил привремено да го запре таргетирањето на енергетската инфраструктура во украинските градови, во период на екстремно ниски температури.











