Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се сели ли цементарница Усје?

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Дали навистина ќе се сели цементарницата Усје? Темата веќе подолго време ја бранува јавноста, а граѓаните и вчера на протест бараат нејзина дислокација бидејќи ја сметаат за еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оценува дека станува збор за сложен и наследен проблем кој не може да се реши преку ноќ, нагласувајќи дека со него се соочуваат генерации.

  • „Дека од денес за утре ќе се случи земајќи дополнително предвид дека тоа е приватна сопственост, тоа не е државна сопственост. Или, пак, не е нешто што можеме да одлучиме преку ноќ да го дислоцираме. Ќе треба да се работи на тој проблем сите систематски да делуваме и верувам дека можеме да придонесеме за идните генерации ете да немаат таков тип на фабрики би рекол особено во овој дел од Скопје“, вели Орце Ѓорѓиевски градоначалник на град Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски објаснува дека Усје е изградена во време кога овој дел од Скопје бил празен, без згради и населби. Но градот се проширил, луѓето се доселиле, па така фабриката сега е среде град. Вели дека за првпат Владата и градот застанале на страната на граѓаните.

Пред еден месец, советниците по иницијатива на Зелен хуман град дадоа зелено светло за преместување на цементарницата и заклучоците ги испратија до Владата. Но, експертите предупредуваа дека дислокацијата на компанијата од ваков габарит е долг, скап и комплициран процес, кој може да трае со години, дури и ако почне веднаш.

Во меѓувреме, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ организираше неколку протести. Граѓаните бараат мерењата на издувните гасови да ги врши државата, а не самата компанија.

Од Усје, пак, велат дека мерењата ги врши независна лабораторија од Германија и дека резултатите се јавно достапни. Тие тврдат дека не се загадувачи и дека обвинувањата се неосновани.

Симона Петровска

Б.С.