Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пребрзото возење најмногу се казнувало во 2025 во Тетово- дали ќе помогне системот „Безбеден град“

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Пребрзото возење е најчестата причина возачите да бидат казнувани за сообраќајни прекршоци во тетовско-гостиварскиот регион. Системот „Безбеден град“ треба да го намали брзото возење, но во Тетово сметаат дека предизвик ќе биде и сообраќајната функционалност.

Граѓаните на Тетово се скептични но сакаат  системот „Безбеден град“ да придонесе во подобрување на состојбите во сообраќајот.  Ваквата перцепција на тетовчани се темели поради нивните сомнежи дека на почетокот системот нема да постигне и безбедност и функционалност

  • Тетово сега е почеток, ќе видиме овде намаленa брзината на 40 Скопје во 50 и оди ќе биде уште поголема гужва уште поголем проблем. Наместо мислиме дека решивме нешто, не е тоа решението.
  • Па добри страни што ќе се стави ред некаков, меѓутоа лоши страни што не им е средено нема знаци сообраќајни на „Индустриска“. Има таму 40 километри кај „ОУ „Кирил и Методиј“ овде 30 друго нема нигде. Не се спремни, велат граѓаните.

Сообраќајниот пулс во Тетово и Гостивар во 2025 година го карактеризира пребрзото возење, покажуваат статистичките параметри евидентирани од СВР Тетово за целата измината година.

  • Вкупно биле регистрирани 12.179 прекршоци и за истите значи се изготвени соодветни поднесоци спрема прекршителите. Од кои во Тетово биле регистрирани 7698 прекршоци и во Гостивар 4 481. И во текот на 2025 година, како и претходно, најчесто затекнат прекршок е брзината на движење, односно на неприлагодување на брзината според условите на патот, рече Фатмир Реџепи, портпарол СВР Тетово.

Во 2025 во тетовско-гостиварскиот регион од сообраќај се исклучени 1.879 возила и 3.838 возачи кои управувале без возачка дозвола, под дејство на алкохол, истеченост на сообраќајна дозвола, техничка неисправност и претовар. Полицијата времено одзела 112 возила од кои 87 поради истечена регистрација над шест месеци. Имало и 264 казни поминување на црвено светло.

Системот „Безбеден град“ евидентира токму вакви прекршоци, управување со брзина поголема од пропишаната; минување на црвено светло; управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола како и неправилно паркирање.

  • СВР-Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да се придржуваат кон истите и заедно сите да придонесеме кон безбеден сообраќај, рече Реџепи.

Процентуално на подрачјето на Тетово од вкупно 12.179 сообраќајни прекршоци се евидентирани 63,21% додека во Гостивар 36,79%.

Александар Самарџиев

Б.С.