Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Снежното невреме во САД стигна до Флорида, замрзнати игуани паѓаат од дрвјата

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Лоши временски услови со обилни врнежи од снег ги погоди САД викендов од брегот на Мексиканскиот Залив до Нова Англија, носејќи обилни врнежи од снег во Северна Каролина каде што двајца загинаа во услови поврзани со бурата, и поставувајќи рекорди во Флорида, каде што официјалните лица предупредија на мраз и паѓање на игуани, пушува Градијан.

Во Северна Каролина и соседните држави во југоисточниот дел на САД поради  лошите временски услови се случија стотици сообраќајни несреќи и откажувања на летови. И покрај апелите на властите до жителите да ги ограничат своите движења.

 


Ниските температури влијаат на поголемиот дел од земјата. Ситуацијата стигна до Флорида, каде што се регистрирани невообичаени температури под нулата.

На неколку места, голем број игуани се пронајдени паднати под дрвјата, замрзнати на температурите под нулата.

На аеродромот во Орландо, температурата падна на -4° Целзиусови, поставувајќи историски рекорд како најниска температура забележана во февруари во последните децении.


Десетици илјади домаќинства во државите Мисисипи, Тенеси и Луизијана продолжуваат да се соочуваат со сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Северна Каролина забележа рекордни снежни врнежи, со до 40 см снег во близина на Вилмингтон – најмногу во регионот во последните децении.