Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с6. е.070 денеска во 16:15 (2 фев. ’26)

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Од вчера, 1 февруари, на улиците во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, започна примената на системот „Сејф сити“, кој санкционира непрописно паркирање, пребрзо возење, минување на црвено и управување возило со истечена сообраќајна дозвола. Од Министерството за внатрешни работи задоволчни – за два месеци од 120 илјади на 500 прекршоци дневно регистрирани од системот „Безбеден град“.
По реакциите од јавноста и покрај воведените толеранции на брзина, дел од глобите се зголемени и до 50%. Дали се тие навистина правични?
Со минимална плата од околу 450 евра и казни кои достигнуваат до 300 евра, се отвора дилемата – дали казните треба да бидат исти за сите или да зависат од примањата, како во Финска, Шведска и Швајцарија, каде прекршокот „боли“ подеднакво.
Дали во Македонија сме подготвени за ваков модел?
Пораката е јасна – системот не простува.
Дали казните треба да бидат исти за сите или да зависат од примањата?
АНКЕТА: Дали казните од „Безбеден град“ се доволно високи за да се почитуваат сообраќајните правила? Да / Не