Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, со што значително ќе се подобри јавниот превоз, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Како што информира, на Град Скопје ќе му бидат доделени и 50 полначи, а набавката е дел од стратешки договор меѓу Владата на Македонија и Владата на Унгарија, што овозможува поволни услови и придонес за почиста животна средина.
Ѓорѓиевски истакна дека со ова започнува решавање на долгогодишните проблеми во јавниот превоз и најави „тектонски промени на подобро“, додавајќи дека новите автобуси се чекор кон достоинствен, навремен и безбеден превоз за скопјани.











