Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Работниците и бизнисот бараат дијалог со Владата

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, повика бизнисот да ја прифати подадената рака на работниците и заедно да ја натераат Владата да застане на страната на економијата и работничките интереси.

Трендафилов потенцира дека бизнисот и работниците имаат клучна улога во одлучувањето кој ќе ја води државата, и доколку избраните политики не им одговараат, тие лесно можат да изберат друга власт. ССМ истакнува дека минатата година постоела можност за зголемување на платите за најмалку 6.000 денари, доколку Владата привремено се откажела од дел од придонесите.

Работодавачите беа подготвени да го направат тоа, но поединци во Владата не ја поддржаа иницијативата, што резултираше со неизвршување на зголемувањето, се вели во објавата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според синдикатот, тоа довело до изгубени приходи за државниот буџет, кои би изнесувале над 120 милиони евра годишно. Трендафилов предупреди дека доколку Владата продолжи да ги игнорира барањата на работниците и бизнисот, ССМ ќе премине кон следните фази на активизам, вклучително блокади, протести и генерален штрајк. Последиците од ваквите активности, потенцира, ќе бидат исклучиво на одговорност на Владата.