Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СКРИЕНАТА СТРАНА НА ЦУКЕРБЕРГ – петок, 30 јануари 2026 – 20:30

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Фејсбук, Инстаграм, Вотсап… Сите овие апликации што ги користите секој ден му припаѓаат нему. Марк Закерберг е еден од најмоќните луѓе во светот, но и еден од највознемирувачките.

Во последнo време, милијардерот доживеа целосна трансформација: стана страствен поддржувач на Доналд Трамп, дава мизогинистички коментари и се откажува од своите прогресивни вредности… Го снема шефот во дуксер, Закерберг постојано го редефинира својот имиџ за да ја одржи својата МЕТА империја. Каков е тој навистина? Колку далеку ќе оди? Кои се стратешките и политичките причини зад неговата промена на насоката?

Црпејќи од часови архивски снимки и интервјуа со новинари и експерти кои добро го познаваат, овој документарец се обидува да ја дешифрира енигматската личност зад МЕТА империјата: Марк Закерберг.