Дали овие совети како Националниот совет за финансиски истраги и кофискација на имот, комисии, агенции се последна линија на одбраната на системот од корупција или само алиби за оние кои се на власт, во вечерашната Топ Тема на Телма поранешниот антикорупционер Шемси Салаи рече дека се надева дека работите ќе се поместат со ова тело, но без спроведување на законот нема ништо.
- Гледајќи во минатото како е работено во државата не зависно за која гарнитура на власт се зборува – сите се обидоа на некој начин и на сите секој втор збор им е борба против корупција и владеење на правото, но тоа е само декларативно. Комисии имало и порано и кога нема резултати од некој комисија, совет или нема резултати од некој закон, никој не оди кон тоа зошто нема резултати и има нови тела но од тоа немаме ништо. Штом немаме имплементација на постоечките закони нема соработка меѓу институциите, нема ништо, вели Салаи.
Според него никаде не не види лажење на јавноста дека работиме нешто и тие претходните не направиле ништо.
- Тоа е меѓуресорно тело кое треба да ги собира сите информации кои работата со борбата на корупцијата но граѓаните треба да пријават, дали во владата дали во антикорупциска каде?, праша Салаи.
Тој истакна дека своевремено како член на Антикорупциска имале „поплава“ од пријави но на крај одлуките и иницијативи за понатамошно постапување на обвинителствата или други органи ништо не преземале.
Б.С.











