Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трговците револтирани од новиот закон за заштита од пушење

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Со новиот Закон за заштита од пушење, кој стапува на сила од 1 март годинава, малопродажните објекти ќе мора да набават посебни шкафови и витрини за складирање на тутунски производи, а непочитувањето може да донесе казни до 5.000 евра. Трговците предупредуваат дека овие непланирани трошоци ќе го оптоварат нивниот буџет и ќе го загрозат работењето на семејните бизниси.

Законот предвидува производите од тутун да се чуваат во затворени шкафови кои не се видливи за потрошувачите, без осветлување и во неутрални бои. Многу дуќанџии се жалат дека неодамна вложиле во реновирање и опрема кои со новите правила стануваат бескорисни, што може да резултира со финансиски загуби.

Стопанската комора проценува дека околу 4.000 малопродажни објекти ќе бидат директно засегнати од овие мерки. Трговците бараат поголем преоден период за приспособување, предупредувајќи дека краткиот рок и недореченостите во законската регулатива создаваат хаотична состојба во секторот.