Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мајка на загинат во Пулс обвинува за притисоци врз сведоци и обвинителството

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во судница денеска ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството. Адвокатите на дел од обвинетите побараа преиспитување на обвинителниот акт, наведувајќи економичност и противречности во одлуките на обвинителството, додека обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување лична и институционална одговорност за трагедијата, која не е резултат само на пиротехниката, туку и на долгогодишни системски пропусти.

Сопственикот на дискотеката Дејан Јованов и други обвинети преку своите адвокати ја негираат вината, тврдејќи дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не на нивно неодговорно постапување.

Пред почетокот на денешното рочиште пак мајката на Томас Златков во изјава за медиумите обвини дека се вршат притисоци врз сведоците на обвинителството.