Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежно невреме ги откажа полетувањата на аеродромот Берлин Бранденбург

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Сите полетување на Аеродромот во Берлин утрово се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.

-Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин Бранденбург поради временските услови, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш замрзнал.

Прекинот влијае само на полетувањата, а авионите што пристигнуваат сè уште можат да слетаат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат суспендирани полетувањата.

Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Германската метеоролошка служба предупреди на висок ризик од опасни услови на мраз во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.