Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Славевски: Учениците по економија ги учиме дека Централната банка им позајмува средства на банките, ние не го правиме тоа, туку напротив вшмукуваме, т.е. повлекуваме ликвидност бидејќи има вишок

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Целиот период по осамостојувањето на Македонија имаме една нетипична ситуација, а тоа е вишок на структурна ликвидност, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Она што ги учиме учениците во учебниците по економија е дека Централната банка е позајмувач во крајна инстанца, централната банка им позајмува средства на банките. Ние не го правиме тоа. Ние, напротив, вшмукуваме, односно повлекуваме ликвидност, затоа што, причините се повеќе, постои вишок на ликвидност во банкарскиот систем. Една од основните е тоа што граѓаните претпочитаат да штедат, односно да инвестираат во депозити, отколку во другите финансиски средства, нешто што се менува за разлика од поразвиени финансиски системи“, изјави Славевски.

С.Д.